11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во родното Крушево одбележан 38-от роденден на Тоше

Општина Крушево заедно со спомен куќата „Тодор Проески“, меѓународната фондација Тоше Проески, СОУ „Наум Наумовски Борче“, ООУ „Никола Карев“ денес го одбележа 38-от роденден на Тоше со настап на Елена Ристеска и полагање свежо цвеќе на вечното почивалиште.Покрај Елена Ристеска настапија и младите таленти Сотираки Чакалар и Марија Котеска, учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ рецитираа стихови од песни на Тоше, а беа доделени дипломи за најдобрите литературна и ликовна творба.

На настанот се обрати и директорката на спомен куќа „Тодор Проески“ Елена Мирчевска која порача дека заедно со вработените во спомен куќата работат на промоција и популаризација на овој објект со името на Тоше,како и градоначалникот на Кришево Томе Христоски,кој истакна  „Тоше е наше богатство и мора да го чуваме“

И покрај снежнeгот кој во Крушево го има во изобилие , многу фанови го посетија вечното почивалиште на еден од најголемите музички ѕвезди на Балканот, Тоше Проески. И, членките од Унијата на жени при ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп положија свежо цвеќе, однесоа торта, се поклонија на гробот од Тоше и ја посетија спомен куќата „Тодор Проески“ .

Тие  порачаа дека секој човек треба да ги следи стапките на Тоше-  „хуманоста да ни биде приоритет и основна алка за опстојување на човштвото“- порачаа тие.

Би можело да ве интересира

Со подогнување на ромското знаме одбележан Меѓународниот ден на Ромите

Елизабета Филипоска

За Илинден посебен режим на сообраќај

Тутунски Комбинат Прилеп меѓу најстарите европски компании

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе