7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ГАЛЕРИЈА) Снежно Крушево полно со туристи, проодни улици во градот и селата

Во Крушево за последниве 24 часа паднаа дополнителни 52 см снег. Но, за љубителите на зимските спортови и чистиот здрав воздух овој викенд тоа е само поголем предизвик. Најважно е дека сообраќајот во градот и населените места се одвива неотежнато. Како што велат од Локалната самоуправа и јавното комунално претпријатие деновиве се постојано на терен во расчистување на улиците во градот и населените места.
Во текот на вчерашниот ден и ноќта екипите работеа во градот Крушево, каде што беа исчистени и проодни повеќето улици, а денеска активностите се насочени кон населените места Белушино, Борино, Саждево и Јакреново со асистенција на Општина Долнени.
Исто така, исчистен е патниот правец од местото Стопанство до населеното место Норово, а директорот на ЈП „Комуна“ Наум Илиески најави дека се продолжува со работа на потегот од селото Врбоец кон селото Бучин.
„Вчера и синоќа се работеше на улиците во Крушево, а од рано утрово сме на терен во Белушино, Борино, Саждево и Јакреново. На крај го исчистивме и патниот правец Стопнство – с. Норово, а ќе се пристапи кон чистење и посолување на делот од с. Врбоец до с. Бучин.“, изјави директорот Наум Илиески.
Покрај навременото зимско одржување на улиците, град Крушево и скијачките терени се полни со гости од цела Македонија, што секако е на задоволство на љубителите на природата и спортот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Пензионерски револт, песна, оро и поддршка од хрватските колеги

Гордана Цветаноска

Петиција за итно обезбедување квалитетни инсулински пумпи и сензори !

Пела Редакција

Неданоски од Спасителната служба Златоврв:„За овој 21-ви век Е ДОСТА! ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ ЗА НАС НЕМА ЦЕНА!БАРАМЕ ОДГОВОР И ОДГОВОРНОСТ!„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе