7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Диви депони „никнуваат“ во сите маала. Комуналците со полни раце работа

ЈКП Комуналец ги чисти дивите депонии во Прилеп. Се чистеше населбата Бончејца, Точила,Тризла. Сега комуналците се на потегот кај ООУ „Гоце Делчев“во отстранување на  дивите депонии. Директорот, Ирена Станковска, ги охрабрува граѓаните да пријавуваат депонии во нивните маала, но и да да не го фрлаат сметот на веќе исчистените .
Депоните  ќе се чистат камапањски,  од населба во населба, но се додека има на просторите објект, скелиња од тутун, автомобили и сл.  “работата се одвива потешко при кревањето на сметот вели таа

Не сакам никого да обвинувам, сакам само да се однесуваме поодговорно. Ги замолувам граѓаните кои имаат смет да ни се јават во „Комуналец“ со нашите возила бесплатно ќе им го подигнеме сметот од нивните домови“

За да се намали бројот на диви депонии Станковска смета дека треба да  има поголема ангажираноста и  од страна на комуналниот инспекторат и полицијата.

Но,колку и полицијата и инспекторите да казнуваат, колку и ЈКП „Комуналец“ да чисти, многу се повеќе луѓето кои што можат да растурат. Ние секој ден да чистиме диви депонии нема да може да исчистиме толку колку што може да се растури“

Што се однесува до улиците кои поради снегот беа посипани  со чакал и песок, таа вели дека комуналците се обидуваат максимално да ги исчистат.

„Улиците беа посипувани со сол и гранулат непрекнато 35 дена,заради траењето на зимската сезона. Тоа, мора да го изметиме со метлите,оти рачно се чисти, а мора да се измети она што е фрлено во зимата по улиците и ги молам граѓаните да имаат разбирање. Знаеме дека има пепел, прашина, камчиња, но ќе ги исчистиме сите улици.- вели таа

 

Би можело да ве интересира

И, Прилеп се гуши

Новинарите и еколошките активисти едногласни против злупотребата на рудното богатство

Пела Редакција

Комуналците го чистат градот

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе