7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Продолжува окрупнувањето на земјоделското земјиште

Консолидацијата, окрупнувањето, на земјоделските парцели е многу моќна алатка со која се подобрува формата на земјоделските имоти, со што, се намалуваат трошоците на земјоделците, се намалува загаденоста, се решаваат проблемите со инфраструктурата. Со работилница во Прилеп, започна овогодинешната кампања “Воведување на национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД) која ќе трае во наредните два месеци.
Најголемата предност е што се зголемува конкурентноста на крајните производи.
– Консолидацијата на земјоделското земјиште е процес на репарцијализација на раситетнетите земјишни парцели, со нивно окрупнување и се подобрува можноста за уредувањето на руралната инфраструктура вклучително руралните патишта, системи за наводнување и одводнување, што значи дека целокупната основа за спроведување на земјоделските активности се подобрува , потенцираше Вилма Даугалиене, главен технички советник од ФАО (проект MAINLAND).
Учесниците се информираа за постапките за окрупнување на земјоделско земјиште во согласност со Националната стратегија за консолидација на земјиште (2012-2020) и Законот за консолидација на земјоделско земјиште, како и за тековните активности во рамки на проектот МАИНЛАНД.
Првиот циклус за окрупнување на земјоделското земјиште започна лани на повеќе локации во Македонија при што во процесот беа опфатени локации од по 80 до илјада хектари земјоделски парцели за размена и окрупнување.
-Во наредниот период од 2 месеци нашата задача, заедно со ресорното министерство да ги информираме сите сопственици на земјиште, пред се приватно земјиште, како и земјоделците која е постапката за аплицирање и кои се придобивките. Најважно е да се одберат вистинските локации каде што има потреба и оправданост за отпочнување на окрупнување. Идеална локација не постои, но ги земаме во предвид сите локации каде што пред се има активно земјоделско производство, каде што има голема расцепканост на земјоделските парцели, но исто така важен е интересот од земјоделците да влезат во процесот, рече Наташа Љубецки Анѓелиќ, од проектот МАИНЛАНД.
Постапката на консолидација е долготраен процес, кој трае година или две, а се спроведува во неколку фази. Најпрво се прави детална анализа за сопствениците, кои и какви имотно правни проблеми постојат и дали може да се решат. Какво е земјоделското производство и ризиците и можностите за замена и подобрување на земјоделските практики, а се прави и анализа што има, но и што треба од земјоделската инфраструктура.
Од денеска е отворен повикот за изразување интерес за проекти за консолидација на земјиште и ќе трае во текот на март и април 2019 година. Кампањата ќе продолжи и на локално ниво. Планирани се посети на неколку потенцијални целни заедници: Кривогаштани, Старо Нагоричане, Босилово и Колибари, за да им се помогне на потенцијалните кандидати да аплицираат за локални проекти за консолидација на земјоделско земјиште. Годинава ќе бидат избрани нови 12 потенцијални локалитети за консолидација на земјиште во земјата.
Регионална работилница е дел од проектот “Воведување на национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД) финансиран од Европската Унија кој го спроведува ФАО во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Целта е подигнување на јавната свест за окрупнување на земјоделското земјиште.

Би можело да ве интересира

Прилепските градинки „Гоце Делчев“ и „Аличаир“ се подновуваат

Гордана Цветаноска

Јубилеј за почит – 30 години Бран Турс (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Рускиот амбасадор : за посетата на Прилеп, за името, сoработката со Македонија, за стипендирање на студенти , за фудбалот…

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе