ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Анѓушев: Се зголемува помошта за поттик на технолошкиот развој на компаниите

Комфи Ангел за прв пат ќе користи државна поддршка

585

Прилепската компанија со мешовит македонско – британски капитал Комфи Ангел за прв пат ќе користи државна помош за технолошки развој. Вкупните средства ќе изнесуваат 10 % од веќе реализираните инвестиции на компанијата. Во кратка работна посета на Комфи Ангел денеска престојуваше вицепремиерот Кочо Анѓушев, придружуван од министерот задолжен за странски инвестиции Бардул Даути и градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски.
– Средствата се наменети за модернизација на машинскиот парк, осовременување на производството, а се со цел да се постигне поголема продуктивност на производството и оваа компанија да стане поконкурентна на меѓународните пазари. Остатокот ќе биде инвестиран од самите сопственици на компанијата. Комфи Ангел е одлична компанија, со извозно ориентирано производство и работи за реномирани светски брендови и очекуваме дека со ваквата поддршка тие ќе го зголемуваат своето производство и извозот. Она што сакам да го потенцирам дека државата нема да дава пари однапред, туку за веќе инвестирани средства. И сега на крајот на 2018 година ќе направиме поврат на тоа што било инвестирано во 2017 година. Но, посебно е добро што тие и во 2018 година продолжиле со своите инвестиции, а тие средства од страна на државата ќе бидат вратени на крајот на 2019 година. Оваа година ќе бидат поддржани над 100 компании а за следната година имаме проектирано 36% повеќе средства за поддршка на македонското стопанство – потенцираше вицепремиерот Кочо Анѓушев при денешната посета на Комфи Ангел.
Инаку, државната помош е како резултат на Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
– После 14 години постоење, Комфи Ангел за прв пат од своето постоење добива финансиска помош од страна на Владата. Планираме да продолжиме со процесот на инвестирање во контекст на зголемување на степенот на извозот и стабилизација на работната сила и зголемување на животниот стандард. Од тие причини во континуитет мораме да инвестираме во техничко – технолошкиот развој, а и самите знаеме дека процесот на технолошката револуција и индистријализација е во 4 тата фаза која е веќе длабоко отпочната и доколку сакаме да градиме економски раст на нашата компанија и ние мораме да се носиме со сите тие предизвици. Секоја помош е добредојдена за компанииите да можат да постигнат зголемен раст, истакна Ирена Јакимоска косопственик на компанијата.
Комфи Ангел е една од 100 те компании кои оваа година ќе бидат поддржани со актуелните мерки, а за следната година за инвестиции кои се реализирале во 2018 та год. Владата планира за 36 отсто повеќе средства наменети за поддршка на македонското стопанство, меѓу другото истакна Анѓушев.
Покрај измените во законската легислатива со кои се влеваат средства за технолошки развој на македонското стопанство, при посетата на прилепскиот лидер во македонската текстилна индустрија – Комфи Ангел, Јакимоска потенцираше и на важноста од измените во казнената политика.
– Законот за прекршоци и глоби премногу ќе ни помогне на компаниите, пред се да се надоградиме и да се модернизираме, што значи да не ги кршиме регулативите. Глобата не претставува ефект ни на компанијата, ни на државата. Тоа е едностран импакт. Многу е квалитетно и подобро кога некој ви укаже на кој начин треба да ја имплементирате регулативата со цел да ги градиме нашите бизниси на она ниво на кое што треба, вели Јакимоска.
Вицепремиерот за економски прашања денеска присуствуваше и на седницата на Управниот одбор на регионалната стопанска комора во Прилеп каде пред стопанствениците најави дека в година ќе се избегнат административните процедури при финансиската поддршка на компаниите и ќе се доделуваат средства на компаниите кои ги исполнуваат условите. Двете нови мерки за финансиската поддршка и измените во казнената политика во бизнис секторот беа главните теми на седницата, а стана збор и за предлог решенијата со недостиг на квалификувана работна сила, како и прогресивниот данок.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: