11.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

БОРЕЧКИОТ КЛУБ 7 МАЈ ИМА НОВ ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ

По неодамнешната оставка на Саше Игнатовски, нов шеф на Стручниот штаб на Боречкиот клуб 7 Мај Прилеп е Теодор Темелкоски. И, на новата позиција Темелкоски дебитираше успешно. По подготовките во Качаник со репрезентацијата на Косово, Боречкиот клуб 7 Мај зеде учество и на Меѓународниот турнир „Борачки легенди“ во Радовиш.  Учествуваа: Матеј Димитриоски, Андреј Тренкоски, Кристијан Аризанкоски, Стефан Аризанкоски, Тамара Цветкоска, Ангела Трајкоска и Барбара Стојкоска. Особено блеснаа последниве три: Цветкоска со бронза, Трајкоска и Стојкоска со злата. Стојкоска до 1. место стигна со 4 победи.

Следи Балканијадата во Ксанти, Грција. Предизвик е за шампионките Трајкоска и Цветкоска во категорија до 15 години, како и за кадетката Стојкоска. Од Стојкоска се очекува најголем резултат“, изјави новиот тренер на на Боречкиот клуб 7 Мај, Теодор Темелкоски.

Би можело да ве интересира

ШОК ЗА ПОБЕДА ВО 90 МИНУТА

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО) ФК Младост испишува историја, мештаните го поддржуваат клубот за да опстои традицијата

Никола Димески

Викендов, борење во чест на Црвенкоски

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе