ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Дарко Неданоски – Спелеолог – поборник за спасителската служба во Македонија – Предлог БР.3 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември“ – Вљубеникот во природата!

15.074

 

                   Природата  е духовна и телсена сила – спасувачката служба потреба

Планинарскиот дух го оплеменил со несебичност, солидарност, почитување и помагање на другите, со дисциплина, пожртвуваност, но и со скромност, или накратко, планинарењето го научило на почит, соработка и хуманизам. Дарко е љубител на природата.

Ги сака и познава планините, ги истражува пештерите, ги искачува планинските карпи и врвови, ја почитува природата и се она што таа создала. Но , и поседува умешност за спасување на сите оние кои ќе се најдат во опасност во природата, во планината: парагладеристи, рибари, планинари, љубители на екстремните спортови…

Дарко е претседател на Спелеолошката Федерација на Македонија, но тоа за него е обврска, а не титула. Тој веќе неколку години се залага за формирање на професионална спасителска служба во Македонија,  кој е неопходна за разни спасувачки дејствија.  

Спасителната служба на СК „Златоврв“ од Прилеп функционира веќе 10 години на волонтерска основа и имаат спасено животи на голем број планинари, параглајдеристи и други љубители на природата и на екстремнисте спортови.

Спасувачката служба би имала вршела  спасување на повредени луѓе  во пештери, пропасти,  планини,  но и во урбана и рурална  средина.„-често изјавува  Недноски во медиумите

Тој и неговата спасувачка дружина веќе имаат организирано неколку показни вежби за спасување од пожар на висококатница, во урбана средина се со цел да ја покажат потребата, но и умешноста на овие луѓе за спасување.

На почетокот на септември, се со цел да се соберат средства за набавување на дел опрема за спасување, Дарко Неданоски беше иницијатор  за организирање на т.н „Плетвар аутдор фестивал“ кои они што го посетија, останаа воодушевени од целата организација и од тоа колку во природата може да биде забавно. Сите  посетители уживаа во оваа манфетација. Со парите од котизацијата на учесниците, спасувачката служба успеа да набави опрема за тројца свои членови.

Останува идејата дали хуманистот и љубителот на планините и пештерите , Дарко Неданоски и СК „Златоврв“ ќе успеат да формираат првата спасувачка служба во Прилеп и во Македонија?!

МОТО: „Богатство на природата треба да го чуваме, а природата мора да ја почитуваме,  бидејќи уживањето во неа е духовно и телесно  окрепнување“

Според законот за авторски права ,не е дозволено преземање на оваа содржина, ниту реченица ниту пасоси од неа, без дозвола од редакцијата . Во спротивно би решавал Основниот суд Прилеп

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: