ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Димеска без пласмн на Европскиот Куп во Џудо

767

Џудо репрезентативката и членка на ЏК СЕИШИН-Прилеп Теодора Димеска на Европскиот Куп во Џудо за Кадети-ки викендов,во Загреб, во категоријата до 48 кг. остана без пласман, и со тоа заврши настапот на Димеска во делот за натпреварување на овој Европски Куп.

„Но,ова натпреварувње за Димеска ќе придонесе за акумулирање на дополнително Меѓународно искуство од ваков висок ранг, што би требало, во понатамошниот дел, да се очекуваат од неа  повисоки спортски резултати, на Меѓународите натпреварувања“-  велат од нејзинио ЏК СЕИШИН-Прилеп .

Димеска на стартот имаше прилично неповолен ждреб со тоа што во првото коло за противник ја доби репрезентативката од Романија Covaciu Iasmina, која е  минатогодишен Првак на Европскиот Куп во Унгарија и 7-ма  на светската ранг листа во џудо спортот. По изгубената борба со романската натпреварувачка, Димеска доби репесажна борба, каде за противник ја имаше италијанската натпреварувачка Zuccaro Chiara ,која борба ,исто така, ја загуби. Но, нејзините активности продолжуваат во клубските натпреварувања.

Џудо Клубот Сеишин-Прилеп во понатамошниот дел од натпреварувачката сезона продолжува со припреми и учества така што викендов, на 16 март, ќе земе учество на Меѓународен Турнир за пионери-ки во Ниш, Србија, а на 17 Март на Државно Првенство за Помлади Пионери-ки и Јуниори-ки во Кавадарци.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: