ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Донација на Комфи Ангел- Скафандери за Итната медицинска помош

1.063

Компанијата Комфи Ангел – Прилеп поторно во служба на ранливото здравство. Кога зашитата на здравствените работници е најнеопходна поради пандемијата, компанијата , како опшествено одговорна, од своето производство на заштитни маски, скафандери и друга заштита опрема, оддвои, и донираше 100 скафандери на Службата за Итна медицинска помош во Прилеп, која работи во рамките на ЈЗУ Здравствен дом Прилеп.

„Една од компаниите кои не не’ заборава во ова време на пандемијата со КОВИД 19 е компанијата Комфи Ангел. Денеска ни беа донирани 100 скафандери за вработените во службата за ИМП, а кои посебно во овие денови се трошат “безмилосно“ – ја потенцира благодарноста до Комфи Ангел, на својата фејсбук страна, директорката на ЈЗУ Здравствен дом Прилеп, Оливера Аџиоска.

донација за ИМП Прилеп

Од старт на пандемијата Службата за Итната медицинска помош – Прилеп се најде на првите борбени линии во битката со КОВИД 19, бидејќи речиси сите лица со симптоми на болеста се упатуваа во оваа служба за добивање на првична здравствена помош. Состојбата со КОВИД 19 и покачувањето на бројот на новозаразени само ја зголеми активноста на работата на оваа служба, која има потреба од што поголема заштита на својот персонал.

За своите заслуги за време на пандемија, градот донесе одлука да ја награди оваа здравствена служба и со 3-то Ноемвриска награда, која ќе им биде доделена на вработените на 3-ти Ноември, на денот на Ослобдувањето на Прилеп од фашизмот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе