11.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

ФЕСТИВАЛОТ НА НАРОДНИ ИНСТРУМЕНТИ И ПЕСНИ „ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ“ СО БОГАТА ПРОГРАМА

Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ е на прагот од новото 48 мо издание. Организаторите најавуваат богата програма, многу учесници, гости од соседна Србија, семинар на народни инструменти и песни, симпозиум. По двегодишни модифицирани изданија поради пандемијата, на општо задоволство ќе одекнуваат гајдите, зурлите, кавалите, тапаните, ќе се разлеат изворните песни во Прилеп и на Рудина кај Долнени.

Фестивалот е на први и на втори јули (в петок и в сабота). Но, од 28 јуни почнува семинарот за изучување на народните инструменти и песни. Ќе има 10-тина изучувачи на кои ќе им предаваат еминентни етномузиколози. На први во Прилеп и на 2 во Рудина кај Долнени вкупно околу 300 изведувачи од цела Македонија ќе се претстават со изворниот мелос. Ќе бидат прогласени најдобрите, а на најдобриот гајдаџија ќе му биде доделена „Гајдата на Пеце“ што ја обезбедува општина Долнени.

В петок, на први јули, од 11 часот во ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи Симпозиумот и ќе биде промовирано најновото издание на зборникот на трудови „Фолклорот во минатото и денес“.

Би можело да ве интересира

Изложба на Милко Нестороски, ќе биде отворена вечерва во Прилеп

Утревечер во прилепскиот театар, претстава за еден трагач по индивидуалната слобода

Пела Редакција

Цел град театар од утревечер на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе