18.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

(ФОТО) Парковската површина на Могила облагородена со нови садници

Паркот на Могилата облагороден со нови садници! ЈКП Комуналец -Прилеп на потегот позади споменикот Жена борец, во паркот – шума на Могилата и во останатите парковски површини на засадија дрвја од видот црвен даб, јавор и бела бреза.

 

Стручниот тим за хортикултурно уредување на парковските содржини на ЈКП Комуналец информираа дека поголемиот дел од дрвјата на Могилата застаруваат, па потребно е нивно обновување, но и зголемување на зелените површини со зеленило. Па, ваквите активности за обновување на парковските површини со нови хортикултурни елементи ќе бидат оставени за напролет, со што е предвидено и  нови рекреативни и забавни содржини во овој парк.

Сега за сега ови дрва треба да се чуваат и да растат, за поубава и почиста животна средина !

Би можело да ве интересира

Двајца прилепчани приведени за кражба

Пела Редакција

Што е тоа жена? (What is a Woman?)

Елизабета Филипоска

Победа непоразена од Брегалница во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе