12.4 C
Прилеп
петок, 25 октомври, 2024
Пела Радио

Гала концерт за 40 години од Дом на културата „Марко Цепенков“

Во големата сала од ЦК„Марко Цепенков“ на 14 ти ноември, четврток, со почеток во 19.00 часот ќе се одржи концерт „Од Нас за Вас“, со кој ќе бидат одбележани 40 години од формирањето на Домот на културата „Марко Цепенков“. Воедно, во изложбениот салон ќе биде поставена рестроспективна изложба на дела од колонијата Дрен.

Гала концертот содржи богата програма:

ТАНЦОВО СТУДИО „ ЗОДИЈАК “
КОРЕОГРАФИИ :
• ПОНИШТЕНО ( модерен балет )
• БЛЕДИ ЕМОЦИИ ( современ танц )
• КОН ДЛАБОЧИНА ( хип хоп )

Пејачите
АНА МИТОСКА – сопран , КАТЕРИНА ПОПОСКА – мецосопран,ДЕНИС НАЈДОСКИ – пијано
• „Belpiacere“ – арија на Попеја од операта Агрипина Г.Ф.Хендел
• „So shall the lute and harp awake “ од ораториумот Judas Maccabeus од Г.Ф.Хендел
• „ Бакарола “- дует на Џулиета и Никлаус од операта „ Хофманови приказни “на Жак Офенбах

Ќе се претстави и Театар ЧИН 4 СЦЕНА 5 со
извадоци од претставите „ АНА ФРАНК “ и „ КУМОВИ “

Воедно, ќе настапи и пејачот ИЛИЈА БЕЛИСТОЈАНОСКИ со
• Ella mi furapita- арија на војводата од Мантова од операта „ Риголето “ – Џ.Верди
• Core’ ngrato–S.Cardillo ( Кардиљо) – наполитанска канцона
• O sole mio- наполитанска канцона – E.Di Capua ( Ди Капуа )

Ќе настапи и OKTET „ ПРИЛЕП “ :
• Песна за Прилеп
• Овој живот мој
• Не стој Доне , Донке

„ DOUBLE STRINGS “Андријана Дукоска – виолончело, Љупчо Трајаноски – виолина
• Преработки на популарни песни ( три композиции )

КУД „ МОМИНОК “
• Сплет од источна Македонија
• Тресеница
• Тропнало

Инаку, за потсетување свеченото отворање на тогашниот Дом на културата, било во ноември 1979 година со претставата „Факел“ од Коце Солунски.
Тешко е да се сублимираат сите активности – концерти, претстави, изложби, промоции.. низ годините, но сега ЦК„Марко Цепенков“ e вистински репрезент на културата и уметноста, не само во градот и во Македонија, туку и пошироко.

Би можело да ве интересира

Ревија на европскиот филм во кино „Мис Стон“ во Прилеп

Гордана Цветаноска

„Пејзажни знаци“ прва самостојна изложба на младиот уметник Давид Атанасоски

Промоција на новиот роман на Мирјанка Селчанец насловен „Која сум“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе