11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

Промоција на новиот роман на Мирјанка Селчанец насловен „Која сум“

Новиот романот на писателката Мирјанка Ристеска-Селчанец “Која сум” , вечерва во фоајето НУ Центар за култура ,,Марко Цепенков”- Прилеп беше промовиран, пред присуство на голем број на вљубеници во пишаниот збор.

 

 

За автобиографскиот роман во два тома“Која сум ,, и книгата “ Од стариот нотес ,, – збирка поезија и раскази воведничар беше Андриана Ристеска, претседател на Клубот на литературни творци од Прилеп, а за книгата зброуваа рецензентите др.Спец. Благоја Дамески и Слободан Беличански. Извадоци од романот  читаше поетесата Павлина Чочкова, а фрагменти од книгата на присутните госи им пренесе и актерот Игор Трпчески.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Инаку, писателката Мирјанка Ристеска Селчанец има напишано повеќе од 40 книги, романи, раскази за деца и возрасни, поеми, песни… Таа е една од најплодните прилепски писателки која твори и пишува повеќе од неколку децении.

За Радио Пела,при оваа прилика,  изјави дека овој автобиографски роман со наслов “Која сум”го отсликува на некој начин нејзиниот живот и за да го напише, инспирација и биле случките од секојдневието. На прашањето колку младите денес сакаат да читаат Селчанец додаде дека младината имаат желба кон читањето на книги , а дека тоа е така потврдуаат честите побарувања на нејзините книги од страна на младата популациај преку интернет или лично.

Голем интерес за промоција на книгите “Која сум,, и“Од стариот нотес ,,

 

Женската пејачка група на здружението „Преродба„ со песна го збогати настанот

 

Инаку, Мирјанка Ристеска-Селчанец за своето творечко ангажирање се здобила со голем број на награди од литературата и опшествени награди пред се за својот придонес кон негувањето на македонскиот јазик и пишаниот забор. За своите достигнувања од областа на литературно творештво Селчанец ја има добиено  и најпрестижната нагарда од Општина Приелп “- наградата “3-ти Ноември”кој општината им ја доделува на најзаслужните граѓани на Прилеп.

Пишува: Христијан Ангелески (млад репортер на Радио Пела)

 

Би можело да ве интересира

„Јас и моите пријатели “, изложба на Трендафиловски во Цепенков

Пела Редакција

Во пресрет на празникот 11 ти Октомври ќе биде отворена изложба во библиотека

Елизабета Филипоска

Концерт на мешаниот хор КУД Стив Наумов – Битола

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе