ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ГАЛЕРИЈА) Пивофест- прва вечер: Дани, Бени, Зен и Џајковски

725

Четиридневното дружење и забава може да започне – Прилеп е подготвен за Пивофест. Штандовите се поставени во центарот на градот, а веќе се слуша и музиката од поедини локации каде ги има и првите гости за вкусната скара и ладно пиво.
Свеченото отворање на фестивалот е вечерва во 21 часот на централната бина.
– Општина Прилеп како поддржувач на овој настан и организаторот на Пиво фестивалот се комплетно подготвени да почне оваа забава што треба да се случи. Во оваа пригода сакам да упатам благодарност до сите стопански субјекти, компании кои што финансиски ја поддржаа оваа манифестација за нејзино подобро и поуслешно изведување, потенцираше градоначалникот Јовански кој воедно им се заблагодари и на медиумите за популаризација на Пиво фестивалот како медиумски покровители, меѓу кои секако е и Радио Пела.
Водители на четиридневната журка на главната сцена се Јана Серафимова и Ненад Георгиевски.
Апелот за умерена конзумација на алхолот останува на „важност“. Од организаторот агенцијата Интфинити потенцираа дека во Паркот на револуцијата веќе се пристигнати 80 тина кампери кои бесплатно ќе престојуваат наредниве 4 денови. Што се однесува до хотелиерското сместување капацитетите се веќе исполнети.
Потсетување – вечерва настапуваат : Дани, Бени Тони Зен и Кирил Џајковски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: