9.4 C
Прилеп
четврток, 24 октомври, 2024
Пела Радио

Градоначалникот Јовчески на терен со секторот за урбанизам – да се уредат пешачките зони

” Кога ќе ги нема овие слики низ прилепската пешача зона и старата прилепска чаршија?! – се прашуваат прилепечани.

 

Градоначалникот Јовчески излезе на терен заедно со вработените од Секторот за урбанизам и ја разгледа локацијата каде треба да се реализира проектот „Архитектонско и партерно уредување на јавна површина – пешачка патека, улица „Борка Талески“ со цел да се утврдат можностите околу санирање на оваа пешачка зона.

Со реконструктивно – градежни активности би била опфатена површина од 2700 м2 на потегот од местото каде е поставен споменикот на Пеце Атанасоки па се до основното училиште „Кочо Рацин“. Со партерното уредување на овој потег предвидено е да бидат поставени нови плочки, урбана опрема и осветлување на јавниот простор, пишува на општинскиот веб портал.

Реконструкцијата на улицата „Борка Талески“ во центарот на Прилеп беше едно од предизборните ветувања на градоначалникот Јовчески.

Би можело да ве интересира

Се чистеше спортскиот комплекс кај вештачкото езеро – опад колку да сакаш

Елизабета Филипоска

„Маркови Кули Трејд„ крадел вода – ЈКП „В и К„ оштетено за 44.200 евра

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО) Зошто СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп е вистински избор за деветтооделенците?

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе