16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Хуманитарна трка на стопанствениците за Центарот за лица со церебрална парализа

Општина Прилеп, во соработка со приватните стопански компании  „ГЕНТЕРМ Македонија“,  „Комфи Ангел“ и „Стопанска Комора на Македонија – Регионалан канцеларија Прилеп“ (недела) ке организира рекреативна донаторска трка,  во должина од  5 км,  во централното градско подрачје.Трката ќе започне  во  19:30 часот.  Целта на овa трка е преку рекреација и колективно дружење на бизнис секторот и граѓаните на Општина Прилеп да се соберат што е можно повеќе средства, за лицата кои боледуваат од церебрална парализа. Котизацијата во трката е 100 ден. Сите собрани средства ќе бидат искористени за тековните трошоци и набавка на опрема за Центарот за лица со церебрална парализа. Со ставање во функција на Дневниот центар, после Скопје, Прилеп ќе биде единствен град во Република Македонија којшто ќе добие Центар од ваков карактер, со капацитет на згрижување од 25 до 30 штитеници .

Општина Прилеп во првата фаза учествуваше со 2.5 милиони денари,  средства пренаменети од буџетот на Општина Прилеп ,на последната седница на Советот на Општина Прилеп, а ќе бидат искористени за набавка на опрема и специјално возило за транспорт на лицата од своите домови до Центарот.  По самото отворање на Центарот, тековните трошоци за одржување на Центарот и прехраната за лицата кои ќе престојуваат во Центарот, ќе бидат во целост на товар на Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

Подарок за децата – Кирил Самарџиоски не е повеќе мнозински акционер во Прилепска пиварница

Стоби Флипс и Брилијант се најпознати брендови во 2023 година

Пела Редакција

Функционерските плати го кренаа македонскиот просек, а скоро 60 проценти од работниците се далеку од просекот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе