CSS Template

И, Прилеп се гуши

416
Avtokontrol1

Од почетокот на јануари Прилеп  во неколку денови според апликацијата Мој воздуј покажа зголемена среднодневна концентрација на отровните ПМ 10 честички, особено во вечерните часови.( Во една календарска година, според светските здравствени стандарди  не треба да има повеќе од 35 денови со загаден воздух. )

Вчера во 18,оо часот според мерната станица во Прилеп, поставена на Општинската зграда. имало  највисоки ПМ 10 честитли, 261 микрограм на метар кубен, 200 повеќе штетните ПМ10 честички во воздухот,  од дозволените 50 микрограми на кубен метар , регистрира апликацијата Мој воздух .

Денеска (17.01 2020) поради магливото време, според апликацијата Мој воздух, ПМ отровните честички во 12,оо ч достигнле   168  микрограми на кубен метар ПМ10 отровни честички, што го вбројува Прилеп за еден од загадените градови на Македонија  , иако  станцата во Приле, поставена во централното градско јадро, на Општинската зграда ,засега не е регистриран во апликацијата Квалитет на воздух во Република Северна Македонија на Министерството за  жиотна средина,  со која се следи загадувањето на воздухот во градовите во Република Македонија

Како и да е, Прилеп не може да го избегне фактот дека прилепчани немаат квалитетен  воздух  во овие зимски денови.  Мерните станици според апкикацијата „Мој воздух“ и утринава повторно покажуваат енормно загадување на воздухот во градот.


semm
Vivafarm
Farma Dolneni