ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Искршени табли со натпис на две институции, одземено оружје…

839

На 24.11.2021 во ОВР Прилеп, управникот на Управата за јавни приходи – регионална дирекција Прилеп пријавил дека со тврд предмет било скршено стаклото над влезната врата од управата на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп.
Истиот ден, на 24.11.2021 во ОВР Прилеп, од Фондот за пензинско и инвалидско осигурување на Македонија – филијала Прилеп било пријавено дека со тврд предмет биле искршени таблите со натпис на управната зграда. Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи информираат од МВР.

На 24.11.2021, полициски службеници од ОВР Прилеп, од А.С.(24) од с.Пешталево, општина Долнени, одзеле пиштол, две рамки за пиштол, муниција за пиштол (25 парчиња) и гумена палка поради сомнение дека се предмет на кривично дело „кражба“. По целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од полицискиот билтен и информацијата дека на 24.11.2021 во ОВР Прилеп било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп кај осуденикот Н.Р.(21) од Битола биле пронајдени две пакувања со кафеава прашкаста материја. Пакувањата биле одземени од екипа на ОВР Прилеп за натамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: