ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се чисти депонијата во пределот кај т.н карпа „Скаменета Баба„ која се користи за болдеринг

276

Депонираниот отпад се наоѓа лево од патот за вештачкото езеро, односно по колскиот пат кој е единствен пристапен пат до атрактивната локација за одржување на светски натпревари во болдеринг т.н  карпа „Скаменета Баба„, во должина од 2 км. и  каде има повеќе од 1. 500м3 отпад, велат комуналците. Па, со оглед на акумулираниот отпад, чистењето на оваа дива депонија ќе потрае, инфомираат од ЈКП Комунаелц,  кои започнаа со чистење на депонијата што има главно градежен шут и отпад од градење, но и друг комунален отпад.

Просторот, велат од ЈКП Комуналец,  е срам за Прилеп,  бидјеќи болдеристи од повеќе европски држави кои редовно доаѓаат на локалитетот „Скаменета Баба“, и кои освен убавите спомени за необичните гранитни карпи, често, на нивните профили, споделуваат и како изгледа околниот пејсаж.  И,токму тие се најголмите критичари. Тие ги критикуваат  прилепчани за не грижат за природните убавини, но често ги критикуваат и властите зошто не бараат  начин да ја сузбијат оваа појава и да го заштитат како што велат тие ,, Природното богатство кое го имаат прилепчани, а незнаат да го ценат и чуваат, туку го валкаат со отпадоци и го нарушуваат визуелниот изглед под чудата од гранитни карпи,,.

Од Локалната самоуправа и ,, Комуналец’’, даваат ветување дека во иднина после чистењето на овој непроценлив и често посетуван локалитет од странски туристи- болдеристи, ќе водат повеќе грижа за чистотата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: