9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Изгоре 442.074 м3 дрвна маса – пошумување задолжително на есен

Владата го разгледа Извештајот на ЈП Национални шуми за штетите од пожарите заклучно до 15 август и во него се констатира дека од вкупно 9.907 хектари зафатени со пожарите, 8.803 хектари отпаѓаат на површини со шуми или завршиле во шуми, при што изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса. Поради ова Владата го задолжи ЈП Национални шуми да донесе програма за пошумување со план за активности уште во текот на оваа есен ,а целокупната количина опожарена дрвна маса како последица од пожарите останува во сопственост и со неа целосно ќе стопанисува ЈП Национални шуми.

Врз основа на препораките на Главниот штаб за управување со кризи, Владата донесе одлука за укинување на забраната за движење во шуми и шумски предели, и ги задолжи Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да спроведуваат засилени контроли за заштита и спречување на пожари на отворено.

Би можело да ве интересира

Над 100 археолошки експонати од исклучителна вредност содржи Лапидариумот во Прилеп

Гордана Цветаноска

В сабота можност за сликање за лични документи за лица кои наполниле 18 години без закажан термин

Пела Редакција

Василичарската паричка во бурекот на Жито Прилеп ја пронајде едногодишниот Дамјан

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе