15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Василичарската паричка во бурекот на Жито Прилеп ја пронајде едногодишниот Дамјан

Семејството Игне и Фросина Димоски од Прилеп се пресреќни што нивниот едногодишен внук, Дамјан Саздевски, од сите василичарски буреци на Жито Прилеп, токму кај него „падна“ паричката на среќата.

„Го вртевме бурекот и ,ете, златанта паричка , во парчето кај внукот. Бевме изненадени, зашто досега не сме добиле некои големи награди, но и пресреќни,зашто внукот ја доби златната паричката од Жито Прилеп „- вели Игне,дедото на Дамјан

“Правевме сега свадба и се што ни требаше од овој тип на производи купивме од Жито Прилеп. Ние сме редовни потрошувачи,зашто производите се одлично и ете сега сме среќни дека и сме наградени за нашата верност“ – вели Фросина 

Семејството за нивната среќа и доверба си доби телевизор и златник со ликот на Богородица – традиција, награди кои верните купувачи и пронаоѓачи на василичарската златна парича Жито Прилеп ја негува повеќе од 10 години.

На среќните пронаоѓачи им честитаме со искрени желби за здравје, мир и благосостојба. Не радува фактот дека и покрај тоа што живеееме во едно динамично и турбулентно време, луѓето ги негуваат семејните вредности и традиции. Тајната на успешното работење на една компанија, меѓу другото, се задоволни и среќни потрошувачи. Во таа насока, максимално сме посветени на создавање квалитетни прехрамбени продукти, тука, имплементирајќи ги сите стандарди за контрола, квалитет и безбедност на храна – вели Елизабета Мојсоска, претставник од Жито Прилеп.

Би можело да ве интересира

Прекин во водоснабдувањето на повеќе улици во Прилеп

Споменот на навивачот Мате Шундовски, ги собра пелагониските фудбалски легенди

Во Општина Прилеп средба со „Бехтел и Енка“ за Коридорот 10Д

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе