ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Јовчески: Нашиот Прилеп е град со богато културно наследство и традиција-да продолжиме да ги заштитуваме и негуваме

665

Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, Борче Јовчески пред јавноста, на прес конференција, ги сподели проектите кои би биле реализирани , поврзани со збогатување на културниот живот во Прилеп. Тој истакна :

„Културата е идентитетот на секоја држава. Нешто што не прави горди како прилепчани е тоа што Нашиот Прилеп е град со богато културно наследство и традиција, богато уметничко творештво кое мораме да го негуваме, чуваме и промовираме. Горд сум на бројните културно археолошки локалитети на територијата на Прилеп. Горд сум на многубројните уметници кои оставија белег не само во прилепската, туку и во македонската култура и историја. Горд сум на нашите глумци, кои можеби се најдобриот ансамл во Македонија, на прилепските сликари, писатели, музичари итн. Кои во наредните 4 години со мене ќе имаат свој партнер во нивното творење и делување. Сведоци сме дека во Прилеп, во последните четири години скоро и да нема културни настани. Затоа ВМРО – ДПМНЕ ќе продолжи да го развива актуелното творештво и да го заштитува културното наследство, а во тој контекст нашата Општина Прилеп се обврзува да ги негува и чува локалните традиции, фолклор и духовност. Ние ќе настојуваме,
нашата општина да биде пошироко препознатлива како дестинација во која ќе може да се види и доживее духот на македонското вековно културно и идентитетско опстојување.

Во наредните 4 години ќе го : – Обновиме ГРАДСКИОТ ОРКЕСТАР ВО ПРИЛЕП и ЌЕ ОБЕЗБЕДИМЕ ПРОСТОР ЗА ПРОБИ И РЕПЕТИЦИИ; Истовремено: – Ќе дадеме ПОДДРШКА НА ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА КУЛТУРНИОТ ТУРИЗАМ ВО ПРИЛЕП ПРЕКУ: • Анализа на туристичките потреби и изработка на стратегија за културен туризам; • Создавање на туристички мапи и културни рути; • Збогатување на археолошките локалитети со пропратни едукативни содржини со цел обезбедување на поголема туристичка понуда и одржлив развој. • Поттикнување на развојот на алтернативни видови на туризам; • Изработка на промотивни материјали од областа на културниот туризам; • Меѓународна и билатерална соработка во областа на културниот
туризам; • Едукација и тренинг обуки за туристички проекти; • Субвенции за разни туристички манифестации и форуми; • Организирање на настани од областа на културниот и спортски туризам, како што се следниве: 1. МАНАСТИРСКИ – КУЛТУРЕН ТУРИЗАМ • Во рамки на културниот туризам актуелизирање и промовирање на бројните манастири кои се на територијата на Општина Прилеп, како и локалитетот Маркови кули и археолошките локалитети со кои располага Прилеп; 2. KRALI MARKO TRAIL меѓународен натпревар во планинско трчање; 3. 3. MARIOVO – велосипедска тура и камп; 4. Prilep OPEN- меѓунаро-ден параглајдинг куп; 5. Storm riders- мото крос натпревар на Арена Лагово; 6. OFF ROAD Prilep- меѓународен натпревар со теренски возила; 7. Car Show- изложба на ретро автомобили; 8. Тура Преку Слива- велосипедска тура; 9. Krali Marko boulder festival –натпревар во бол-деринг; 10. Downhill race Toptash- велосипедски натпревар; 11. Сите на велосипед- вело настан; 12. Пеце Атанасовски – натпревар во ориентација; ИЗРАБОТКА НА ВЕБ СТРАНА на која секој граѓанин на Македонија и посетител од странство ќе добива информации за културно – археолошки локалитети со кои располага Прилеп. ЌЕ ГИ АКТУЕЛИЗИРАМЕ – Спомен куќата на Народниот херој „Кузман Јосифоски – Питу“, – Меморијалниот музеј „11 – Октомври“ – Участак, промоција на – Музејот за тутун – единствен на Балканот; ПОДДРШКА И СТИМУЛАЦИЈА НА СОВРЕМЕНОТО МУЗИЧКО, ДРАМСКО, ЛИКОВНО, ФИЛМСКО И КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО ПРЕКУ: ОРГАНИЗИРАЊЕ НА САЕМ НА КНИГА ВО ПРИЛЕП.
КОНТИНУИРАНА ПОДДРШКА НА ФЕСТИВАЛИ ОД ДРЖАВЕН И МЕЃУНАРОДЕН КАРАКТЕР: • Фестивал Војдан Чернодрински – национален театарски фестивал • Меѓународен карневал „Прочка“; • Фестивал „Пеце Атанасовски“; • Мариовско – Мегленски културни средби; • Интернационален детски музички фестивал Ѕведички; • Прилеп Џез викенд. – УМЕТНИЧКО ЛЕТО – ОБНОВУВАЊЕ И ВРАЌАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА ПИВОТО; ПОДДРШКА НА МАНИФЕСТАЦИИ КОИ СЕ ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА ОПШТИНАТА: • Поетско Маркукуле, Денови на Крали Марко, Меѓународен ден на Роми, Фестивал Силјан Штркот, Прилепски заговор; ГОДИШНИ КОНЦЕРТИ И ПЕРФОРМАНСИ НА ТАНЦОВИ ГРУПИ; КОНЦЕРТИ НА КУЛТУРНО УМЕТНИЧКИ ДРУШТВА; ОРГАНИЗИРАЊЕ ЗА ПРВ ПАТ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН СИМПОЗИУМ ЗА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ , сликарство и склуптура кој ќе го носи името на прилепскиот уметник, еден од основоположниците на македонската соврмена уметност и основоположник на прилепската колонија – Ристо Лозаноски. Ова е само дел од нашата програма со проекти. Проекти за заеднички победи!„- рече Јовчески на прес конференција

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе