ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ќе има ли Прилеп машки суперлигашки ракомет?!

549

Ракометното првенстото започна,  а Прилеп се уште не знае дали ќе има машки ракомет или не?! Проблемот се провлекува од есенскот дел, но ескалира  на стартот на новата полусезона. Ракометарите на единствениот прилепски машки клуб РК „Прилеп“ не тренираат ниту се подготвуваат максимално за престојната сезона,  поради неисплатени обврски кон нив. Тренерите, Пеце Велјаноски – Стипе и Тони Димоски, немаат можност да го соберат играчкиот кадар, а Управата на клубот ,ненајде начин како да дојде до основниот елемент, пари, за пролетната сезона да почне непречено. А, без пари нема СПОРТ, без оглед што велат оптимистите дека е потребно само ентузијазам и ентузијасти – тоа деновиве се провлекува на социјалните мрежи.( Но, јас немислам така! И, јас когабев спортист,(во социјализмот) за спортот беа потебни пари, за топла сала со паркет (не цименто и подлога), за струја, топла вода, лекар, опрема, здрава храна, патувања, надокнада или степендии за играчи ,…)

Како и да е ,кога е во прашање поддршката градот на 26 Седница на Совет одобри буџетски средства од еден милион денари за поддршка на машкиот ракомет. (Иако, ваквото одбрение наиде на рекација, бидејќи доста е од буџетот на Општините да се финасираат спортски клубови) но, советниците беа во право кога дадоа поддршка на клубот со образложение дека ракометот е најпопуларниот спорт која ги обединува младите и е бренд на Прилеп..

Но, поради законските прописи, со одредување на датумот за претседателските избори, на први февруари, средствата не може да се исплатат на клубот, (во законот стои дека од денот на распишувањето на изборите до денот на нивнот завршување да не се финариаат организации од буџетот на Оптштини итн) …,па , средствата наменети за клбуот не можат да излезат од буџетската каса за помош на РК „Прилеп„ до завршувањето на изборите. Клубот остана да бараат алтернативни решенија, но ниту една фирма не сака да финансира и да биде генерален спонзор на машкиот ракомет во Прилеп, што во принцип, е начинот како, всушност, треба  да се финасираат клубовите.

Фирмите не ги „разбуди„  ниту највата од УЈП  во делот на даночната регулатива, каде на даночниот  обврзник му се дава право на намалување на данокот  ,одноно даночно олеснување за дадена донација на спортски екипи .

„Во суштина донираните средства се ослободуваат на тој начин што даночниот обврзник,компанијата, има право на намалување на данокот на добивка за целиот износ на донираните средства, но максиимум до процентот пропишан со законот. ‘ беше кажано на една средба во Прилеп , во септември, минатта година од УЈП ,согласно Законот за спорт. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, тогаш рече дека бизнис секторот мора да биде во тесна корелација со спортот. Ако си ја сакаме државата ќе мора да помагаме и во спортот и во културата и во сите други јавни дејности“, истакна ,тогаш Лукаревска.(септември 2018 год.- Прилеп)

Ни, ова не ги размрда прилепските стопанственици, кои рака на срце, финасираат се: од театар, филм , култура, изложби, маскембали , помош за хуманитарни цели, социјални случаеви, медиуми итн, итн.

Но, без вложување, нема спорт, нема врвни резултати, нема одржливост на спортска  екипа.  Доколку РК „Прилеп“ оваа сабота ,9-ти март, не се вклучи во првенството , во Супер Машката лига, го губи статусот на суперлигаш и ќе добие сузбензија, затоа што , како што истакна Вељјаноски, за Радио Пела , „ниту котизацијата  за учество не е подмирена, ниту пак се направени лекарски прегледи на ракометарите, што исто така е основен предуслов за учество во лигата .Во спротивно клубот ќе добие и санкции и суспензија, по што машкиот ракомет во Прилеп повторно ќе се врати на почеток или ќе го снема, затоа што децата ќе разбегаат по другите соседни кубови .Во овој случај ниту младинците ,ниту кадетите не ќе можат да го продолжат натпреварувањето ,оти нема матичен клуб, нема сениорска екипа, а такви се правилата, односно структурата на натпреварувањето во Супер лигата!„ – рече Вељајноски

Гоце Макалоски, кој е дел од Управата на клубот, само ја потврди ситуацијата и кажа дека клубот засега не функционира, токму поради немање на финансии.

Ракометот е еден од најпопуларните спортови во Македонија. Тој е еден од најмасовните, кога станува збор за собирање на младата популација . Едни учат како колективно да функцинираат, како се гради и темели спортскиот дух, за почитта и самопочита, а други како се навива,како се сака клубот, како колективно се бодри и се ужива во спортот и играта;издувен вентил и позитивен набој за сите.

Со згаснувањето на клубот, би згаснал и последната надеж на  над 300 -та млади деца кои го тренираат овој спорт во неколкуте приватни школи . Прилеп ќе остане повторно без екипа, а постојано, кога пишувам за ракометот, ми остава простор прашањето : „Како Битола може да има два машки ракометни клуба, кои квалитетно котираат на македонската и европската ракометна сцена?!„ Толку ли не можеме нешто да задржеме или едноставно, под ова прилепско поднебје, со човечките опркужувања, својствено како да ни, да создаваме, па да го срушиме или да го втурнитем на маргините, па  наместо на темелите само да доградуваме , ние повторно, одново, сакаме да го создадеме,заборавајќи дека тоа што нема темел и ветрот ќе го однесе!

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: