ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Комуналец започна со пролетно чистење на дивите депонии

635

По повод Светскиот ден на планетата Земја, неделава ЈКП,, Комуналец,, – Прилеп, ќе реализира повеќе активности, а некои се веќе отпочнати како акцијата за чистење на дивите депонии, која во континуитет ќе се одвива околу еден месец. Чистењето на дивите депонии започна од најризичната кај надвозникот на излезот за Битола минатата недела. Но, иако комплетно исчистена, несовесните граѓани и градежните фирми и понатаму си поигруваат со природата. Купишта земја, градежен шут, комунален отпад, огромни бетонски блокови и столбови се исфрлаат на оваа локација.
-Од ЈКП Комуналец упатуваме апел граѓаните габаритниот смет да го одлагаат на депонијата во Алинци, а исто така апелот е упатен и до комуналните инспектори чесно и совесно да си ја обавуваат должноста и обврските во справувањето со загадувачите на околината рече Звонко Јованоски директор на ЈКП,, Комуналец“.
По чистењето на дивата депонија кај надвозникот, на која се натрупани над 350м3 инертен отпад и комунален отпад, ќе се продолжи со чистење на дивите депонии над касарната Мирче Ацев, Заполшки мост, патот спрема Оревоец, над населбата Кузман, патот за Маркова чешма и Ленишки мост, од левата страна на патот спрема езеро и во населбата Тризла на повеќе локации.
Од Комуналец, упатуваат апел до сите жители на општина Прилеп да се обраќаат до комуналното претпријатие, од каде ќе им укажат на каков начин инертниот отпад да го одложат на депонијата Алинци.
Покрај овозможениот влез на депонијата Алинци и со сопствено возило бесплатно да се одложи градежниот шут , на располагање на граѓаните и градежните фирми им се контејнери од 5м3, кои по нарачката се доставуват во рок од 1 час.
Во 2017 година само на депнонијата Алинци се одложени 3.228 тони градежен шут и 323 тони неупотреблива земја, од вкупниот отпад однесен на депонијата или 26.500 тони комунален отпад одложен на депонија.

‒ Околу касарна “Мирче Ацев“ од кај улицата Ердован Шабаноски = 300 м3
‒ Надвозник “Салида“ = 350 м3
‒ Заполшки мост = 40 м3
‒ Пат спрема Ореовец = 100 м3
‒ Населба “Кузман“ = 30 м3
‒ Патот за “Маркова чешма“ и “Ленишки мост“ = 200 м3
‒ Патот спрема вештачко езеро, лево = 400 м3
‒ Нови гробишта, обиколен пат за манастир Трескавец = 450 м3
‒ Населба Тризла, недефинирано на повеќе локации

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: