8.7 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Концерт на Македонски брас квартет во НУЦК „Марко Цепенков“

Во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп утре, 5 октомври во 20 часот, концерт ќе одржи „Македонскиот брас квартет“. Членовите на квартетот Стојанче Косовски – труба, Александар Златески – труба, Горан Јанев – хорна и Владан Дробицки – тромбон (вработени во Македонската Опера и балет), во рамките на програмата пред публиката ќе ги изведат познатите дела на композиторите Кларк, Хендел, Персел, Верди, Равел, Моцарт, Корсаков…

„Македонскиот брас квартет“ е основан во 2013 година кога се бележат и првите нивни настапи. Составот има настапувано во повеќе градови на Македонија, во склоп на фестивали и самостојни концерти.

Членовите на квартетот хонорарно соработувале со Македонската филхармонија, а некои од нив и со Битолската камерна опера, Градските оркестри на Битола и Скопје, оркестрите од Австрија, Бугарија и Белгија, како и со Здружението на џез музичари ЗЏМ и оркестарот за филмска музика Fames Скопје.

Би можело да ве интересира

„Амкање“ – адет за последната вечера пред Велигденскиот пост

Ќе се одржи ликовната колонија Дрен 2021

Елизабета Филипоска

Театар во Крушево – за “замокот” каде не прогонуваат “духовите” на системот

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе