30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Ќе се одржи ликовната колонија Дрен 2021

По 13 пат, од 19 – ти до 25 -ти јули, во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи традиционалната ликовна колонија Дрен 2021, на која годинава освен што ќе творат сликари, дела во метал ќе создаваат и скулптори.

Годинава ќе творат 11 уметници од земјава и странство. Своите инспирации на платно ќе ги пренесат сликарите Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, Мирјана Крстева Масети, Марија Стојаноски – Петкоска, Александра Петкова, Буба Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Владимир Темков и Тони Чатлески, а во метал ќе работат скулпторите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски. Делата создадени на годинашната колонија наесен ќе бидат претставени на изложба.
Досега на колонијата се создадени околу 350 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата. Ликовната колонија се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

НАГРАДАТА „ЈАКОВ ОД КАМЕНА РЕКА“ ВО РАЦЕТЕ НА ВРВНИ МАКЕДОНСКИ АКАДЕМИЦИ, ИСТРАЖУВАЧИ И АФИРМАТОРИ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТОТ

Пела Редакција

Попоска: Задоволство е кога квалитетот е препознаен (ВИДЕО)

ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ го одбележува Месецот на книгата

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе