ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Концерт во Прилеп на Чалгија Саунд Систем

734

Добрила Грашеска и Дориан Јовановиќ, кои соработуваат долги години во групата Чалгија саунд систем утре, ќе ни приредат прекрасен музички настан, во вечерните часови. Имено, /10 јули 2021 / сабота/ од 20.30 ч. на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ концерт ќе одржи групата Чалгија Саунд Систем. Концертот е во рамките на годишната програма на Центарот за 2021 година, поддржана од Министерството за култура.

Деновиве излезе и новиот албум „Апокриф“ на Добрила Грашеска и Дориан Јовановиќ Чалгија саунд систем, па дел од песните публиката ќе има можност и ексклузивно да ги чуе на концертот во Прилеп.

Инаку , групата Чалгија саунд систем, формирана во 2008 година има за цел да одржи чалгискиот израз, проучувајќи го богатото наследство од мелодии и форми , кои составот ги изведува доследно и верно на традицијата, а од друга страна, да го земе чалгискиот израз како основа за создавање на современа музика која  е во духот на чалгиската традиција, со што на одреден начин и ја продолжува традицијата. Има издадено неколку албуми и реализирано бројни концерти.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе