16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Концерт за восхит одржа КУД “Стив Наумов“ од Битола во ЦК „Марко Цепенков„

Прилепчани синоќа (08.7.2022) уживаа во изведбата на културното уметничко друштво КУД „Стив Наумов“-Битола кое настапи под диригентска палка на Лилјана Трајковска-Димовски. Концертот се  одржа во фоајето на  НУЦК  „Марко Цепенков“- Прилеп, а публиката уживаше во секој отпеан стих.

Публиката,  можеше да ги чуе познатите композиции: Гласом мојим ко господу возвах-А. Архангелски, Тебе поем-Д.Христов, Достојно ест-Ј.Коџобашија, К Богородице прилежно-А,Архангелски, Тебје поем-С.Мокањац
Болна легнала-С.Гајдов, Македонска хумуреска-Т.Скаловски, Рум, дум, дум-Д.Шуплевски, Голема чечкалица-Д.Пантич Велкович и When I fall in love- Kirby Shaw.

 

 

Мешаниот аматерски хор на КУД „Стив Наумов” од Битола е првиот и најстариот македонски хор, формиран само два дена по 4 ноември, денот на ослободувањето на Битола, на 6 ноември во 1944 година.  Пред 75 години, борците на Седмата македонска ударна бригада – Битолска, сакајќи што побрзо да се чуе слободна македонска песна, на плоштадот во Битола ,и под диригентска палка на Тодор Скаловски, приредуваат музичка програма со хорски композиции.  Според архивата на КУД „Стив Наумов“ – Битола, по првиот концерт, десетици битолчани изразиле желба да се зачленат во мешаниот хор, кој од 1944 година до ден-денес без прекин работи во овој град.

„Во периодот од 1944 до 1969 година, освен Скаловски, диригенти биле и други лица, а од 1969 година до денес, и во оваа 2019 година, цели 50 години, со задоволство како диригент на хорот заедно со останатите членови ја пишуваме историјата на хорското пеење во градот. Во таа смисла, ако зборуваме за јубилеи, тогаш слободно може да се каже дека со 2019 година се врзуваат три јубилеи, и тоа 75 години од формирањето на мешаниот аматерски хор, 60 години откако во 1959 година почнав со работа во оваа музичка уметност и 50 години диригент во КУД „Стив Наумов’“, раскажува Љубомир Трифуновски, актуелен диригент на мешаниот хор на КУД „Стив Наумов“ – Битола.

Првите концерти надвор од градот мешаниот хор ги одржува во Велес, Штип и во Куманово и тие претставувале силен поттик за развивање на креативните можности и работа исполнета со љубов и ентузијазам. Мешаниот хор добива и покани за настапи и надвор од Републиката, па така во 1947 година престојува меѓу градителите на пругата Шамац – Сараево, концерти се одржуваат во Зеница, Ниш, Марибор, Нови Сад, Церник, Љубљана… Успешните креативни години на КУД „Стив Наумов“ во 1971 година создаваат услови за да се формира младинскиот женски хор, а во 1972 година и единствен симфониски оркестар. За брзо време, хоровите на КУД „Стив Наумов“ почнуваат со впечатливи настапи и во странство.
Kултурното умтничко друштво КУД „Стив Наумов“-Битола има освоено и голем број на награди.

Пишува: Христијан Ангелески (соработник на Радио Пела) 

Би можело да ве интересира

Во прилепскиот театар се подготвува претставата „Круг“

Гордана Цветаноска

Крушево во чест на Васил Иљоски направи манифестација за паметење

Елизабета Филипоска

Од 9 до 16 јуни во Прилеп ќе се одржи МТФ „Војдан Чернодрински“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе