11.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Лазаров е новиот селекор на македонската ракометна репрезентација, но останува и капитен

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров ја презема селекторската функција во машката сениорска репрезентација на Македонија, а воедно Лазаров ќе ја има и контролата над помладите категори.

Првиот предизвик за Лазаров како селектор ќе бидат квалификациските натпревари против светскиот првак Данска, закажан за првата половина на март месец, а потоа и дуелите против Финска и Швајцарија за македонската репрезентадија да го обезбеди своето ново учество на Европските првенства,на шампионатот што ќе се одржи во Унгарија, Словачка следната (2022) година. 

И покрај новата функција Лазаров нема да се пензионира, односно се уште ќе биде активен и на теренот. Инаку, тој е 21-от селектор на сениорската ракометна репрезентација на Македонија и е најмладиот до сега.

Би можело да ве интересира

Меѓународна мото крос трка по 5-ти пат во Прилеп

МЕГЛЕНСКИ ОСТАНУВА НА КОРМИЛОТО НА ПОБЕДА

Прв екипен шаховски турнир помеѓу сите основни училишта во Прилеп (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе