ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ЛЕВИЦА: КАКО ПРЕКУ ОПШТИНАТА СЕ ИСПУМПУВААТ НАШИ ПАРИ ДО ЛОКАЛНИ МОЌНИЦИ

788

Левица -ЛО Прилеп преку соопштение посочува дека покрај постоењето на Државната Агенција за вработување, Општина Прилеп и речиси сите јавни претпријатија побарале да склучат “Договори за јавна набавка со приватни агенции за вработување – за набавка на услуги за привремени вработувања” и ги оштетил граѓаните на Прилеп

„51.502.074.00 денари (838.796.00 евра) пари од општината се префрлени само на една ваква фирма во рок од само една година за што самата фирма за услугата ќе си наплати 7% фиксно од бруто платата на секое лице што го застапува со што граѓаните на нашата општина се оштетени со општо-штетен договор и до 58.000 евра за само една година кон само една фирма. Префрлањето на средствата со кои ќе располага приватната агенција, општината го извршувала унапред за цела година со што и фантом-фирма со еден вработен може да биде вклучена во игра.
Гевгелија, Крушево, Демир Капија, Лозово, Кавадарци, Битола, Долнени, Валандово се исто така клиенти и не е јасно како со една канцеларија во Прилеп ги менаџираат сите овие општини? Сезонска работа, работа на проект, привремено зголемен обем на работа.. се само неколку ставки под кои многу наши сограѓани се надеваат дека ќе бидат работно повикани макар и без решение но за корка леб. Ги држат без Решение за работен однос и под притисок за прекинување на ангажманот се уценувани да гласаат за одредена политичка партија.
Капак на сето ова во договорот стои дека лицата кои ќе бидат ангажирани преку агенцијата за привремени вработувања ќе бидат осигурани во ОСИГУРИТЕЛНА КОМПАНИЈА со што се зголемува кругот на трансакции и према други побарувачи на сметка на Фондот за пензиско осигурување и самите работници.
Интересен е и Член 15 со Завршните одредби: “Договорените странки можат да ги дополнат или изменат одредбите од овој Договор САМО СПОГОДБЕНО (Анекс на договорот)” т.е. без можност за поширок увид, објавување на јавен повик или слично. САМО дирекно во четири очи! Врв на се е тоа што овој договор е испишан и со печатни грешки и без Име и Презиме на потписникот од приватната агенција.„– пишува Левица – ЛО Прилеп и до медиумите испрати копија од договрот кој е склучен од страна на ЈКП Комуналец и Приватна Агенција за врабоување.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе