CSS Template

Локвенец „Граѓаните на Прилеп се сплотија и достоинствено ги прославија историските успеси за државата„

360
Avtokontrol1

Денеска ,попладене пратеничиката група на СДСМ ,градоначлникот на Прилеп, претставнци на советничката група на Советот на Општина Прилеп и членови на ОО на  СДСМ, одржаа брифинг, на кој говореше пратеникот Хари Локвенец.

 Граѓаните на херојски Прилеп, како и граѓаните ширум Република Македонија, се сплотија и достоинствено ги прославија историските успеси за државата.Слободно и по своја волја, без притисоци и уцени, граѓаните се обединија околу националните интереси и го прославија огромниот успех, поканата за влез во НАТО и датум за почеток на преговори со Европската унија.Со масовната посетеност, граѓаните јасно и недвосмислено покажаа дека избираат европска иднина, сигурност, безбедност и подобар живот тука во Прилеп и Македонија.Сите заедно покажавме дека Македонија цврсто и одважно зачекорува во новото време! ВМРО-ДПМНЕ, уплашени од широката граѓанска поддршка за НАТО и ЕУ интеграциите, со денови организираше хајка против националните и стратешки интереси на граѓаните, против домашната македонска музика, против македонските музичари.

Христијан Мицковски упорно ги продолжува деструктивните политики на Никола Груевски. Политики на сеење омраза и создавање поделби помеѓу граѓаните. Политики за кои граѓаните искажаа големо НЕ! Со добиената покана за НАТО и ЕУ започнува ново време за нашата земја. Време на надеж, безбедност, победи, успеси.Членувањето на Македонија во овие асоцијации, значи силен економски раст, развој и инвестиции, како на државно така и на локално ниво. – рече Локвенец

 

СДСМ им се заблагодарува на раѓаните на Прилеп и Македонија, што беа дел од синоќешната прослава

 


semm
Penata
Vivafarm
Farma Dolneni