8.7 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

МЗ: вакцинација без закажан термин од наредната недела

Почнувајќи од 12 јули вакцинацијата на граѓаните ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација, информира Министерството за здравство .

Секој граѓанин ќе може да се вакцинира без разлика дали е пријавен или не се пријавил на веб-страницата вакцинација.мк , од 12 јули и тоа да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на вакцинација.мк. Здравствените домови каде што досега се вршеше вакцинација до петок, ќе треба да изготват план за теренска вакцинација – со комбе ќе се оди во селата и во руралните средини, а граѓаните кои досега не биле во можност да се вакцинираат против ковид-19, ќе можат да примат вакцина на лице место. Жителите на руралните средини ќе бидат информирани кој ден и на кое место ќе се врши вакцинацијата.

Би можело да ве интересира

Штетата од невремето во јуни проценета на 61.347.000 денари

Елизабета Филипоска

Претрес во прилепско, пронајдена пушка и муниција, лишено од слобода едно лице

Пела Редакција

СЕ БАРААТ ШИВАЧИ ВО ТЕКСТИЛНА ФАБРИКА ЗА ИЗРАБОТКА НА ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе