9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Надградената апликација на МОЈДДВ сега со можност за донација

Граѓаните кои скенираат фискални сметки, а се добитници на некоја од наградите, можат да ги донираат средствата во фондот за борба против КОВИД 19.

Надградената апликација на МОЈДДВ сега е со можност за донација.

„Ве известувам дека опцијата за донација има три чекори: Првиот чекор е влез во опцијата за донација, вториот чекор е за донацијата, а во третиот чекор Ве прашуваме уште еднаш дали сте согласни да донирате, пишува Директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Оваа опција, објаснува Лукаревска, не е задолжителна, тој што нема да се изјасни за донирање, средствата од неговиот поврат ќе се исплатат на неговата трансакциска.

Претходно беше споделена информација дека остварен износ за поврат на ДДВ за првите три месеци од 2020 година ( јануари, февруари и март) добитниците ќе можат да го донираат со што ќе учествувате во борбата против Коронавирусот COVID-19.

Би можело да ве интересира

Земјоделски проглас – бараме поддршка од сите, храната не е луксуз на богатите !

В недела, градоначалникот Јовчески ќе го промовира сработеното за 2022 и 2023 та година

Пела Редакција

Денеска нема да се игра ракомет

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе