ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Нов асфалт доби и улицата „Андон Слабејко“

586

Граѓаните од населбата Бончејца добија новоасфалтирана улица по современи стандарди.  Улицата е  „Андон Слабејко“ е асфалтирана  во должина од околу 600 метри и површина од 3.000 м2.

Улицата ‘„Андон Слабејко“ во целост ја реконструиравме и рехабилитиравме. Притоа, беа нивелирани сите шахти и сливници, а улицата по целата нејзина должина беше обележана со сообраќајна сигнализација. Оваа улица не била реконструирана од самата нејзина изградба, пред 35 години. Реконструкцијата на оваа улица, ќе биде благодет за населбата Бончејца, затоа што оваа улица е ‘артеријата’ на овој дел од градот и мислам дека граѓаните ќе бидат задоволни.Да напоменам само дека почетокот на улицата ‘Андон Слабејко’ на спојката со „Димо Наредникот“, е пешачка зона од околу 60 до 70 метри која во моментот е тампонирана, а во наредните десетина дена тој потег ќе биде нареден со бехатон плочки за да може непречено да се движат граѓаните и моторните возила“, истака градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

Градоначалникот напомена дека на почетокот од наредната година, целосно ќе биде реконструиран и делот од улицата „Андон Слабејко“ покрај кејот на Градската река.

Активности ќе следата и на ул. „Бидимаш„, каде се предвиден  градежни зафати на просторот меѓу зградите“, се гради атмосферска канализација за собирање на отпадните води, „а за  10 до 15 денови просторот меѓу зградите ќе биде уреден со бекатон плочки“, потенцираше Јованоски.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: