ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Новите цени на бензините од ноќеска на полноќ ќе ги одредуваат трговците

567

Од ноќеска по полноќ, наместо Регулаторната комисија ,трговците на нафта и нафтени деривати сами ќе ги формираат цените на производите, односно самите ќе одлучуваат по која цена ќе ги продаваат. Претседателот на РКЕ,  најавува дека не би требало да има ценовни шокови. Тој очекува до наредниот понеделник РКЕ да донесе нова методологија.

Нивните пресметки кажуваат дека доколку и денеска цените се одредуваа по старата методологија ќе имаше благо намалување кај бензините, но и минимален раст на цените на дизелот.

Новата методологија на пресметка не беше потпишана од довчерашниот претседател на држвата Иванов. Сега се очекува тоа да го стори новиот претседател Пендаровски.

Бензините поевтинуваат за еден денар, а дизелот за половина денар по литар, но само на бензинските пумпи на Макпетрол. Само оваа компанија досега ги објави новите цени по кои ќе се точат горива од полноќ.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: