ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: СДСМ се најмалку повикани да коментираат криминал!

396
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп на денешната прес конференција алармираат – правосудните органи се заробени и под контрола на централната власт:
„Во текот на вчерашниот ден, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, излезе со соопштение, кое можеше да се прочита и низ порталите, дека во Основниот кривичен суд Скопје, била објавена
осудителна пресуда за командир на ПС.
Па така на обвинетиот за кој обвинителството докажало дека го сторил делото за кое се товари, судот му изрекол казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци. Јавноста многу добро знае за кој командир станува збор?!
Каков апсурд! Ако се има предвид дека ова е само првостепена пресуда и не се исклучува можноста казната да биде намалена од страна на апелациониот суд, тогаш и повеќе од јасно е зошто граѓаните имаат мизерни 8% доверба во правосудството. Јавноста многу добро знае и во каков притвор обвинетиот го помина поголемиот дел од времето кое ќе се засмета во казната?!
Ова е уште еден доказ дека правосудните органи се заробени и под контрола на централната власт, па наместо да се занимаваат со сериозниот криминал кој треба максимално да се санкционира, се занимаваат со нарачани постапки и обвиненија за неистомисленици. Впрочем и вмешувањето на американската ДЕА, само ја потврдува неспособноста на органите да се справат со корупцијата и криминалот во кој тоне државата и Прилеп.
Замислете 3 години затвор за човек кој украде 150 ќебапи, а 4 и пол години затвор за дело поврзано со речиси 200 килограми марихуана? Ги повикуваме од СДСМ Прилеп, како „борци“ за правна држава и владеење на правото загрижени за криминалот, да излезат со свој прес и да ја прокоментираат изречената казна? Го повикуваме и Миле Талески, актуелниот пратеник во
Собранието кој жолчно се бореше да го брани Францускиот предлог и бугарските барања од говорница, да излезе во јавност и да признае одговорност, затоа што токму во негово време додека беше претседател на Совет на Општина Прилеп, беше извршен изборот на командир.
Почитувани, СДСМ се најмалку повикани да коментираат криминал. Токму нивната партија е синоним за извор на криминал, ако се има предвид дека токму исо вака заробено правосудство, нивни членови и лица од власта или се повлекоа од функција, или завршија под истрага и во судски процеси за криминал поврзан со милионски суми,“ рече Билјана Ристеска од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

<d

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: