ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Олош сограјџани“ без еко срам

1.575

Вака изгледа  едно од најубавите излетнички места  во Прилеп, Прилепското вештачко езеро. Сега, веќе, е наполнето со вода и преставува пријатно место за прошетка. Околу него, убава, зелена трева, разеленила боровата шума, која некогаш, пред повеќе од пет/шест децении, е засадена преку доброволни акции на млади за пошумување на околината.

 

Прилепското езеро, изградено е 1967 . Напоредно со изградбата, веќе се започнало со широк појас за пошумување на околината со борчиња.  Затоа, кога одите таму за викенд,  се чувствува мирисот на бор,  мајчина душичка и расцветан багрем.

 

Но, сета таа убава слика за природа се растура од видикот на ваквите човечки постапки, или како што една наша сограѓанка ги нарече  „олош сограјџани“ ,  загадувачи, кои не себично ништат се околу себе за да ја остварат својата урбана цел,  да јадат, пијат и да растураат,  и да бараат некој друг да им го расчисти ѓубрето околу нив, не свесни , дека тука, повторно ќе дојдат идниот викенд , со своите деца, семејство, куќни миленичиња и со своите пријатели и пријателки.

 

Зошто, едноставно ѓубрето не го ставите во најлон кеса и не го однесете до најблискиот контењер?! Зошто природата да трпи поради Вашата, навидум грижа,  “обесувајќи“ го вашето ѓубре на боровите гранки. Така ли правите кога одите во светот?! Така ли ја одржувате хигиената во Вашиот двор?!

После викендот, после вас,  драги „олош сограјџани“ тука мириса на мочка, прегорена скара и полураспадната храна. И, многу, многу ѓубре. На секој чекор. По цела ширина и должина на излетничкото место Прилепско вештачко езеро.

      „Ами утре пак вие ќе се вратите тука , бре ,непрокопсани едни! Како душа ви дава ова да го правите? “–  се прашува една наша сограѓанка и им се обрајќа на „душегрижниците“ на природата, викендашите, кои бегаат во природа за да извалкаат  ( и, кои не верувам дека овој текст, ќе ги „допре“, ниту пак  ќе го прочитаат до крај)

       „А, прошетани сте, не дека не сте. Сите сте биле барем едно лето во Германија да им поработите во Мекдоналдс. И, сте виделе како им се уредени местата за рекреација. И сучите мустаќи кога ќе се вратите како е се’ чисто и средено, и дека од ова држава не бидува, џвакајќи притоа ќебапче и фрлајќи го преку рамо пластичното шише од литар и половина Златен Даб. Е па, Еурека! Од вас не не’ бидува! Ние бевме држава пред да се испилите вие . Вака не се сака Македонија, драги олош сограјџани! Вака не се сака Прилеп! Вака се мрази! Ко туѓо да е ! А, институциите кои би требало тоа да го санкционираат се немоќни. Оти ВИЕ во нив работите!“ !„- пишува таа до нашата редакција

Е, да немаш „ни срам ни перде“ во нашата народна мудрост означува дека си го загубил и последното човечко во себе – способноста да чувствуваш мешавина од нелагодност и вина за сопствените (погрешни) постапки, или просто дeка си дрзок и без осет. Но, од еволутивна гледна точка срамот не е баш некоја предност. Во “џунглата“ преживуваат најагресивните, кои не се снебитисуваат и премислуваат околу своите постапки. Но, можеби одредено количество срам е корисен антидот на избрзаните и непромислени постапки, кои можат да спречат катастрофи, кога станува збор за животана стредина! Народната  вели дека „Страмот го крепи човека“.  Белким, овој текст ќе ни ја крепи човчноста!

А,кривичното дело „Загадување на животната средина и природата“ во Кривичниот законик е пропишано во членот 218 и спаѓа во редот на пропишаните кривични дела против животната средина и природата,а која селди парќна казна или казна затвор. Бидјеќи, секој човек, има уставно право на здрава животна средина и секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата. Само кај нас , НЕ!

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: