9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

По поразот од Академија Пандев, Победа ита кон второлигашкото друштво

Победа е се поблиску до Втората фудбалска лига во Македонија. Денеска екипата на Победа беше поразена со 1:3 од Академија Пандев на заостанатиот меч и на пет кола до крајот.
Победата на гостите денеска ја осигураа Дориев, Мишов и Стојков а единствениот погодок за домаќините го постигна Макота за домашниот тим на Победа.
Со денешниот натпревар Победа е на дното од табелата со 23 поени, со 8 помалку од Беласица и 11 негатива зад Силекс.
Академија Пандев се наоѓа на третата позиција која води во квалификациите во Лига Европа идната сезона, односно со 11 бода повеќе од Шкупи на пет кола до крајот.
Победа за да се спаси треба да се случи навистина чудо, односно треба позитивни резултати во сите 5 натпревари до крајот, додека пак Силекс треба да загуби на четири од петте последни мечеви.

Би можело да ве интересира

Три многу важни бода за Победа против Вардар 2:0 (1:0)

Гордана Цветаноска

ЖРК Металург го скрши отпорот на ракометарките на Деспина

Кои екипи играат денеска?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе