9.3 C
Прилеп
петок, 18 октомври, 2024
Пела Радио

По повод 11-ти Октомври, владина делегација во Прилеп

По повод Денот на македонското востание, в неделa во 8,30 мин , покрај општински делегации, владина делегација предводена од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, придружуван од министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за образование и наука Мила Царовска, ќе положат цвеќе на: Споменикот на Методија Андонов-Ченто, Споменикот на Кузман Јосифовски-Питу, Алејата на народни херои, Споменикот „Жена борец“ и Могилата на непобедените.

Со цел почитување на препораките за заштита од КОВИД-19, бројот на учесниците во настаните, кои ќе се случуваат ,ќе се одвиваат без традиционалната културно-уметничка програма и со ограничени собири .Па во Прилеп вечерва,нема да се одржи традицоналниот огномет , но ќе се изведи импровизираниот напад на участакот ,како потсетување на далечната 1941 година, кога од Прилеп, со нападот на Участакот, започнало македонското народно востание за борба против фашизмот.

Македонија оваа година чествува 79 години од Денот на народното востание.  

Би можело да ве интересира

Два часа по гласањето излезноста во Прилеп на високи 25,9 % ,најслаба излезност во Долнени

Пела Редакција

Деспина поразена од Металург

Елизабета Филипоска

Koнeчно договор, парламентарните избори ќе се одржат на 15 јули

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе