9.3 C
Прилеп
петок, 18 октомври, 2024
Пела Радио

Познати имињата на добитниците на наградите „3 ти Ноември“

По повод Денот на ослободувањето на Прилеп – 3 ти ноември, годинава, заради специфичните услови во кои што живееме поради пандемијата, Комисијата за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија при Советот на општина Прилеп, одлучи да бидат доделени 2 златни плакети, 3 плакети 3 Ноември на организации и 5 дипломи на поединци. Имињата на добитниците на прес конференција ги соопшти претседателот на комисијата, Тони Камчески:

За особен придонес во развојот на новинарската професија, награда за животно дело „Златна плакета“ му се доделува на новинарот Миле Талески.

„Златна плакета“ за животно дело, за особен придонес и создавање трајни вредности во музичката уметност, постхумно и’ се доделува на Нина Спирова.

За покажана посветеност, одговорност и пожртвуваност при справувањето со пандемијата на Ковид-19, награда Плакета „3 Ноември“ им се доделува на:

Одделот за инфектологија при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп;

Службата за итна медицинска помош и домашно лекување при ЈЗУ Здравствен дом Прилеп;

Одделението за трансфузиона медицина – Прилеп при ЈЗУ ИТМ на РСМ;

Одделението за епидемиологија при Центар за јавно здравје Прилеп.

За покажана висока општествена одговорност во справувањето со пандемијата на Ковид-19, добитник на Плакета „3 Ноември“ е компанијата „ГИФТИ ТЕКС“ ДООЕЛ Прилеп, а за придонес во заедницата преку младински волонтеризам и хуманитарни активности, Плакета „3 Ноември“ добива ЛЕО КЛУБ Прилеп.

Добитници на Дипломи „3 Ноември“ се:

Ванѓел Здравески, член на медицинскиот тим кој ја изврши првата трансплантација на срце во РСМ;

Асен С. Стаменов, за особен придонес во развојот на литературното творештво;

Киро Здравески, за постигнувања во областа на џудо – спортот;

Андон Јованоски – Ашата, за постигнувања во областа на театарската уметност.

Постхумно, Диплома „3 Ноември“ му се доделува на Вељко Силјаноски, основоположник на македонската фонетика, фонологија и компаративна книжевност.

До комисијата пристигнале 30 тина предлози, од кои сите 13 предлози – номинирани за „13 Величествени“ од редакцијата на Радио Пела и предлогот од публиката за кои беше спроведена онлајн анкета. Наградите на добитниците и на нивните семејства ќе им бидат доделени на свечената седница на Советот на општина Прилеп, која согласно протоколите за организирање настани ќе се одржи во вторник, 3 ноември со почеток во 12:00 часот, во големата сала на Општина Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе