ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПРЕДЛОЗИ ДО ДЕСЕТТЕ ЛОКАЛНИ САМОУПРАВИ

457

Младинските тимови на ученици од десетте средни училишта од десет ралични општини вклучени во проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата фаза 2“, подготвија и доставија свои предлози до локалните самоуправи. Имено после серијата средби со локалните администрации и политичари младинските тимови имаа свои работни средби на кои ги утврдија своите предлози како: зголемување на културни настани, збогатување на библиотечните фондови, изградба на повеќе спортски терени и подобрување на условите на постоечките, подобрување на условите за велосипедисти и пешаци, подобрување на транспорт помеѓу населените места, отворање младински инфотмативни центри, преуредување на училишните дворови и ходници и други предлози. Овие предлози се доставени до општините за тие кога ги подготвуваат програмите и буџетите за наредната 2022 година да ги имаат во прeдвид предлозите на младите и да ги вклучат во новите програми.

Овој проект го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, а е поддржан од ifa/Zivik програмата во склоп на Федерална канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

 

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе