ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп домаќин на Државно изборно првенство во борење категорија до 15 год.

350

 Во спортската сала на СОУ „Р.Р. Ричко“ денеска се одржа Државно изборно првенство во борење У15 (категорија на борачи до 15 години)  во техничка организација на Боречкиот клуб „7-ми Мај“ од Прилеп и Федерацијата за борење на Македонија.

Учество зедоа 12 боречки клубови од Прилеп, Скопје, Штип, Радовиш, Велес, Студеничани, Кочани, Неготино и Кичево. Победниците на ова првенство влегуваат во репрезентацијата на Македонија У15 . БК 7-ми Мај,  17 години функционира во Прилеп и успешно го претставува нашиот град во Македонија и пошироко. Со помош на Општина Прилеп која го поддржува клубот, овој спортски колектив бележи големи успеси. Градоначалникот Борче Јовчески беше присутен на настанот, ги поздрави присутните посакувајќи им многу здравје и успеси преку кои, ќе се промовира и градот Прилеп.

„ Сакам да упатам поддршка до раководството на Клубот 7ми Мај, да продолжат со својата успешна работа и да се радуваме заедно на  уште многу успеси со кои што го промовираат нашиот град Прилеп, а ние како локална самоуправа ќе бидиме секогаш тука како поддржувачи и помагатели на овај спорт и на нивната работа“, истакна градоначалникот Јовчески.

Исто така со поздравен говор пред присутните во салата се обратија потпретседателот на БК 7-ми Мај од Прилеп Рубин Атанасоски и претседателот на Боречката федерација на Македонија Дејан Богданов.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: