29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Од полноќ се намалуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука да ги намали цените на нафтените деривати од половина до два и пол денари за литар. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за еден денар и ќе изнесува 88,00 денари за литар односно 90,5 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден и ќе се продава за 100,5 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,50 ден и ќе чини 97,00 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,43 денари и еден килограм мазут ќе чини 49,4 денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Центарот за услуги во Прилеп ја доближува дигитализацијата до секој граѓанин

Пела Редакција

Минатата седмица од последици на коронавирусот починале 18 лица

Споменикот на Крали Марко осамна со кукасти крстови

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе