ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПРИЛЕПЧАНИ ДАДОА 3 ГОЛА, А 6 ПАТИ СЕ РАДУВАА

1.156

Екипата на Победа се врати на 1. место од табелата на Втората фудбалска лига – Исток, преку победата од 3:1 над гевгелиски Кожуф. Иако домашните постигнаа 3 гола, преку Даниел Карчески во 23., Игор Момировски во 34. и Давид Јошески во 92. Минута, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ близу 2000 гледачи 6 пати се радуваа, бидејќи од разгласот слушнаа за трите гола на Осогово против досегашниот лидер, виничка Слога, така што резултатот од 3:0 во Кочани придонесе за искачувањето на Победа на 1. место. 

РЕЗУЛТАТИ 11. коло: Победа – Кожуф 3:1, Осогово – Слога 3:0, Детонит – Кит-Го 1:0, Беласица – Братство 2:0, Локомотива – Саса 0:0.

ТАБЕЛА: Победа 26, Слога 25, Саса 21, Беласица 20, Кит-Го 16, Осогово 14, Детонит 13, Кожуф 12, Локомотива 5, Братство 4.

ИДНО 12. КОЛО: Саса – Победа, Братство – Осогово, Слога – Локомотива, Кожуф – Детонит, Кит-Го – Беласица.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: