8.7 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Прилепскиот театар со онлајн претстава за Меѓународниот ден на театарот

Со претставата „Пиреј“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски што ќе биде прикажана онлајн вечер, од 19 часот, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ќе го одбележи Меѓународниот ден на театарот – 27 Март.

Поради пандемијата, театарот не може да прикаже претстава на сцена, па затоа љубителите на театарската уметност ќе може да ја погледнат преку интернет, односно  од 19 часот преку нивниот youtube – канал и на ФБ страницата: NUCK Markocepenkov. В недела, пак, од 12:00 часот најмладите ќе може да погледнат претстава за деца. Годинава, за Меѓународниот ден на театарот светската порака ја испрати актерката Хелен Мирен, а македонската, актерката Сузан Акбелге. Акбелге зборувајќи за креативноста и кризата со пандемијата, меѓудругоито порачува дека кризите секогаш се шанса за преобразба, но сѐ уште не се знае каква ќе биде, но одговорноста останува. Акбелге поканува „да сонуваме со очи ширум отворени, да ја разбудиме креативноста преку која постоиме“. Завршува со зборовите на Горан Стефаноски: Ќе зборуваме или ќе работиме?

Би можело да ве интересира

Концерт на Октетот „Прилеп„

Гордана Цветаноска

„Демократија“ нова претстава на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“

И или А – Колку значи една буква во женските презимиња?

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе