16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Првото новороденче во Прилеп е девојче

Прилеп го доби и првиот жител во Новата 2018 г. година. Здраво, живо женско бебенце тешко 3230 грама се роди околу 20:00 часот синоќа на гинеколошкото одделение во градската болница „Борка Талески.

Најголема радост за мајката Дијана Капкоска, но и за целиот персонал од гинеколошкото одделение од градската болница, кој што беше максимално подготвен за овој радосен чин.
Среќната мајка денеска ја посети градоначалникот Илија Јованоски, предавајќи и пакет со подароци за новороденчето и штедна книшка со 15.000 денари.
Новогодишни пакетчиња денеска добија и сите дечиња хоспитализирани во детското и во неонатолошкото одделение од градската болница во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Прилепската чаршија подготвена за првиот „Прилеп аутлет викенд“!

Гордана Цветаноска

Пратениците да ги поддржат измените за платено породилно отсуство на земјоделките

Претставата „Аудиција“ на репертоар на театарот „Војдан Чернодрински“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе