18.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА – Петејчук : Го направив вистинскиот потег со доаѓањето во Победа (ВИДЕО + ФОТО )

И повеќе од заслужено Победа е во првата лига а за тоа секако е заслужен тимот и стручниот штаб на прилепчани кои успеаа во намерата на  есен на градски во Прилеп да се гледа прволигашки фудбал. Црвено белите го издржаа притисокот и на прилепската публика и донесоа голема радост ,  а  во исто време ја пополнија и фудбалската празнина која ја имаше долго време во најфудбалскиот град во земјава.Сега кога се создадени услови за чекорење по старите патеки , на Победа и се гледаат многу многу подобри времиња , барем тоа се очекувањата од љубителите на фудбалот.

Во отворената програма на Радио Пела , РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА , посветена на пласманот на прилепска Победа во најквалитетното друштво кај нас , гостуваше фудбалерот на црвено белите Анатолиј Петејчук кој го истакна задоволството од реализираното и успешната сезона за него и неговите колеги.Тој рече дека многу му е мило што го направил вистинскиот потег кога од Вардар премина во редовите на Победа.

Во продолжение и целосниот разговор со младиот Петејчук , ексклузивно во видеото подолу и за Радио Пела.

Би можело да ве интересира

Братство му парираше на лидерот Слога само во првото полувреме (ФОТО)

Никола Димески

(Фото) Го организираа и ги „собраа„ медалите – Ветераните на ЏК Сеишин со 8 медали на Второто Државно Првенство во џудо за Ветерани

Елизабета Филипоска

Викендов, борење во чест на Црвенкоски

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе