16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Сабота и недела, Општина Прилеп ќе врши дезинфекција на сите улици и јавни површини

Веднаш после почетокот на забраната за движење на граѓаните, во 15.00 часот,  сабота , 25 април ќе спроведе акција за дезинфекција на сите улици и јавни површини во градот.

Акцијата ќе биде реализирана со волонтери од Прилеп и населените места, кои со триесетина трактори опремени со прскалки ќе ги дезинфицираат улиците во сите населби во градот, вклучително и тесните улици во кои цистерните на јавните комунални претпријатија немаат пристап.

За таа цел, се замолуваат граѓаните да ги отстранат своите возила од јавните површини и да ги паркираат на соодветни места, заради непречено движење на возилата за дезинфекција по градските улици и поголема ефикасност во нивната дезинфекција.

Акцијата продолжува и во недела, 26 април во 10.00 часот, кога триесетина волонтери на Општина Прилеп ќе ги дезинфицираат влезовите и јавните површини пред сите згради во градот.

Би можело да ве интересира

Општината вели се “ОДЛОЖУВА“ организаторот вели се „ОТКАЖУВА“ Пивофест 2023?!

Гордана Цветаноска

Мирен протест пред прилепскиот затвор за поддршка на осудените од 27 ми април

Гордана Цветаноска

Смилеска: Саниран е дефектот на системот за парно греење во болницата!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе