18.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Семоќниот ЃУМБИР

Уредува Јасмина Трајкоска, фармацевт

Стара индиска поговорка вели „се’што е добро може да се најде во ѓумбирот”.

Денес ѓумбирот ни е и повеќе од достапен, а нам ни останува да ја искористиме неговата магија како храна и лек,независно која форма ќе ја избереме ( свеж корен, во прав или кристализиран). Сепак доколку можете да бирате секогаш одлучете се за свеж корен.

Ѓумбирот има специфична арома,остар и пикантно лут вкус кој го издвојува од другите зачини.Во својот хранлив состав ѓумбирот содржи витамин Ц,калиум,железо,калциум и магнезиум.

ID:54001696

Како правилно да се чува ѓумбирот?

Бидејќи свежиот ѓумбир многу брзо се суши,се препорачува да се чува на суво,темно и ладно место во стаклена тегличка.
За што се можеме да го користиме ѓумбирот,покрај како зачинска билка:
* Го намалува високиот холестерол и ја зголемува циркулацијата,
* Ја намалува подуеноста на стомакот,ја обновува цревната флора и овозможува правилна работа на дигестивниот систем,
* Ублажува главоболка,мигренозни и менструални болки,
* Против гадење и повраќање,
* Го намалува стресот,ја зголемува енергијата,концентрацијата и помнењето,
* Помага при лекување на болно грло,настинка,грип и го зголемува имунитетот,
Доколку можете грицкајте тенки свежи резанчиња ѓумбир или едноставно подгответе си чај. По желба додате си и лимон кој ќе го надополни вкусот.
Едноставно уживајте во магијата на ова азиско растение и постигнете си благосостојба на организмот,чувствувајќи се позитивно и енергично.

Би можело да ве интересира

Витаминка кечапот во нова подобрена амбалажа

Гордана Цветаноска

Александар Митрик и Александар Самарџиски со музика за позитивна енергија (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

„Вози,вози ме„ нов летен хит на Филип

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе