ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Шчербак:„македонски политичари и медиуми лесно да не подлегнуваат на шпекулации„

758

На новинарско прашање а неодамнешните обинувањата упатена до Руската амбасада во Р. Македонија за наводна инволвираност на руски бизнисмени и Руската федерација во внатрешните збиднувања во Македонија, Рускиот Амбасадор во Р. Македонија, Олег Шчербак при деншната посета на Прилеп истакна:

(во целост ја пренесуваме неговата изјава)

Многу ми е жал ,што некои македонски медиуми и преставници на власта се обидуваат да бидат под влијание на некои странски земји. Такви обвиненија се појавуваат кога  во некои земји се набљудуваат некои внатрешно политички процеси. Овие обвинувања немаат никавки докази и факти. Тоа се обични шпекулации! И, згора на тоа, ќе ви кажам искрено, помеѓу, повеќето земји кои што имаат воспоставено дипломатски односи со Р.Македонија и имаат свои дипломатски преставништва, Русија е најпоследната земја која може да се обвини во мешање во внатрешните работи на Р. Македонија.

Искрено жалам што некои македонски политичари и медиуми толку лесно подлегнуваат на такви шпекулации кои што придонесуваат кон расипување на пријателските односи помеѓу нашите народи и на амбиент на взаемно пријателство и доверба кои се гради со децении помеѓу нашите народи.

Се чини дека политичарите и новинарите треба да бидат поодговорни кога кажуваат за такви обвинувања и дека секогаш треба да се сеќаваме на Евангелието кое вели „Прво е зборот!“-рече Шчербак

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: